Хрватска – Лтиванија и Шпанија – Франција се двете полуфинални двојки на кошаркарскато Европско првенство (ЕП) кое завршува в недела во Словенија. Победниците од овие полуфинални двојки ќе играат за златен медал, а поразените во мечот за трето место.
Репрезентацијата на Хрватска првпат по 18 години се пласираше на големо натпреварување во самата завршница. По четири порази во четвртфиналните мечеви „коцкестите“ ќе се најдат на мегдан со фаворизираната репрезентација од Балтикот. Во следните два натправари репрезентативците на Хрватска ќе имаат шанса да освојат и медал.
По победата над Укранина во четвртфиналето избраниците на Јасмин Репеша немаа многу време за славење и се насочија кон мечот со Литванија. Навивачите на Хрватска се очекува да ја наполнат салата „Стожице“ и заедно со кошаркарите да го одведат тимот во финалето до најголемиот пласман.
– Знам како играат Литванците. Ќе бидеме подготвени – кратко изјави селекторот на Хрватска, Репеша.
Во вечното дерби меѓу Франција и Шпанија, репрезентацијата од Пиринеите има подобар скор. На последното ЕП во Литванија пред две години овие селекции играа во финалето, а Шпанија беше победник. Сега, во Словенија, во тимот кој ја брани европската титула недостасуваат Наваро, Пау Гасол и Ибака. Франција ќе настапи во најсилен состав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



