Владата го утврди Предлог-буџетот за 2014 година и подготви ребаланс на буџетската каса за оваа година кои денеска ќе бидат доставени до Собранието на Република Македонија.
Според вицепремиерот Зоран Ставрески станува збор за мини ребаланс со кој се опфатени две позиции, односно се додаваат средства на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување во износ од 1,34 милијарди денари заради повисоките расходи во однос на индексацијата. Дополнителни средства се префрлаат и во Министерството за образование и наука во износ од 430 милини денари потребни за опремување на лабораториите. Другите позиции остануваат во рамки на проектираното.
За буџетот за наредната година посочи дека ќе изнесува 176,5 милијарди денари. Приходите се планирани на 158 милијарди и 200 милиони, а буџетскиот дефицит 3,5 проценти и ќе се финансира од домашни и од странски извори. Буџетот за следната година е за седум проценти повисок од годинашниот.
Проекцијата за растот на БДП за следната година е 3,2 проценти, а инфлацијата 3,3 проценти.
Се очекува постепено да се зголемува растот на БДП кој сепак ќе зависи од околностите во Европа. Според фискалната стратегија, која исто така е усвоена, се предвидува во 2015 растот на БДП да биде 3,8, а во 2016 – 4,5 проценти.
Државниот долг во наредниот период ќе остане на умерено ниво и до 2016 нема да надмине 37,6 проценти од БДП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Буџетот за 2019 година на владина седница, денеска последен законски рок да стигне во Собранието
-
Заврши денешната расправа за ребалансот на Буџетот
-
Почнува собраниската расправа околу ребалансот на Буџетот
-
Тевдоски до вчера тврдеше нема потреба од ребаланс, а сега кога ја прекрои буџетската каса вели дека и без тоа пари за избори има