| четврток, 6 декември 2018 |

Владо Јаневски ѝ се враќа на старата љубов

– Кога и да гледам снимки од еден мој концерт на кој пред мене стои огромен аранжман цвеќиња кои го испишуваат името на „Т-мобиле“, со насмевка се потсетувам на нашата соработка. Нашата врска е како момче и девојка. Јас имам одлично сеќавање од љубовта со таа моја девојка и не гледам зошто не би можеле пак да се смириме – изјави Владо Јаневски на денешната прес конференција во зградата на „Т-мобиле“.

Денес компанијата го објави партнерството со македонската музичка ѕвезда, како и со Калиопи и младата пејачка надеж Венера Лумани, која е победник на последното издание на „Гласот на Албанија“.

Станува збор за долгорочна соработка, кој почна со интерактивна кампања за тарифата „Плеј“. Видеоспотот се снимаше на плоштадот Македонија, каде беа поставени караоке кабини и секој случаен минувач можеше да ги испроба своите гласовни способности. Навидум обичното караоке преминуваше во дует со едно од нашите познати музички имиња.

Исто така, главниот извршен директор на „Т-Мобиле“ Македонија, Жарко Луковски потенцира дека 2014-та ќе биде година на неограничениот интернет, па компанијата планира да се фокусира кон усовршување на оваа понуда за корисниците на нивните услуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top