| четврток, 6 декември 2018 |

Словачка: Без паника околу визите

miroslav lajcakСловачкиоот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак е во Белград, од каде што изјави дека нема место за паника поради неодамнешното усвојување механизам што овозможува укинување на безвизниот режим за земјите од Западен Балкан.

– Мислам дека усвојувањето на механизмот не е причина за паника. Механизмот е повеќе вид мерка за акција на ЕУ или на некоја држава-членка ако дојде до драматичен пораст на бројот на луѓе што доаѓаат од овој регион и ако се злоупотребува безвизниот режим – рече шефот на словачката дипломатија.

Лајчак укажа дека воведувањето механизам за суспензија е тежок процес и дека не може една земја да донесе одлука за тоа.

Европратениците на 12 септември усвоија механизам што овозможува за граѓаните од земјите од кои доаѓаат лажните азиланти – привремено повторно да се воведат визи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top