Фудбалерите на Барселона оваа сезона ќе претстават неколку стила на игра, во зависност од противникот. Воведувањето на новитетите и промената на „тика-така“ ја најави најдобриот играч на тимот Меси.
Лео Меси со три гола го сруши тимот на Ајакс во првото коло од Лигата на шампионите, но по завршувањето на мечот рече дека Барселона нема секогаш да биде вака убедлива.
-Колку повеќе промени имаме, тоа е подобро за нас. Ќе има денови кога е подобро да ја држиме топката, а ќе има и денови кога ќе треба да го паркираме автобусот и да играме на контри- вели Меси.
Аргентинецот го постигна својот четврти хет трик во Лигата на шампионите, што досега на никој не му успеало.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија


