| четврток, 6 декември 2018 |

Очната докторка во „8 Септември“ ослепила еден куп пациенти?

opreacija oko laser

Јовица Андовски, заменик-министерот за здравство, вчера во Собранието на Македонија, на седницата за пратенички прашања, информира дека е формирана комисија што ќе ја преиспита работата на докторка за очни болести од Градската болница „8 Септември“ во Скопје.

Прашањето го постави пратеникот Самка Ибраимовски. Поднесени биле и повеќе приговори на пациентите за неуспешни оперативни зафати.

Скандалот со серијата неуспешни операции беше објавен на почетокот на септември во неделникот „Фокус“. Станува збор голем процент на неуспешни операции на еден од тројцата офталмолози што оперираат „перде“ со факометода (ласерски) во Градската општа болница „8 Септември“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top