Речиси половина граѓани на Македонија сметаат дека „Преродбата во 100 чекори“ со која ВМРО-ДПМНЕ пред седум години ја презеде власта значително или малку ја подобрила општата состојба во Македонија, покажува најновата анкета, која за потребите на неделникот „Фокус“, ја изработи агенцијата „Рејтинг“, на екс-министерот на СДСМ, Ѓорѓи Спасов.
Според анкетата, 10,6 проценти од граѓаните сметаат дека општата состојба во последните седум години е значително подобрена, додека 36,5 проценти гледаат мало подобрување. 14,7 проценти од анкетианите граѓани изјавиле дека состојбата останала иста.
37,9 проценти од анкетираните сметаат дека состојбата е малку или значително влошена, односно 15,6 проценти гледаат мало влошување а 22,3 проценти значително.
Анкетата е спроведена во првата недела од септември врз избран примерок од 1.560 испитаници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.