| четврток, 6 декември 2018 |

Oткриени коски при ископ за темели на зграда во Гостивар

gostivar

Откопани коски од неутврдено потекло ја прекинало изградбата на станбена зграда во Гостивар. Полицијата го обезбедува местото и се чека на вештак за да се почне утврдување дали коските се од човек или животно, јави дописникот на МИА од Гостивар.

Според СВР Тетово, случајот во гостиварската полициска станица вчера го пријавил Љ.А. (43), сопственик на фирмата инвеститор на објект во градба на улицата „Илинденска“. Околу 18 часот, додека градежна машина (багер) изведувала подготвителни работи и ископувала земја за темели на идна зграда, на длабина од околу два метра се појавиле коски. Кога видел, машинистот Х.И. (55) запрел со работа.

По пријавувањето бил известен и истражен судија, но поради мракот, кој набрзо се спуштил, увидот е одложен за денеска. Во меѓувреме полицијата го обезбедува местото за да се изврши целосен увид со вештак, кој треба да утврди дали коските се човечко или животинско потекло. Според жителите во околните куќи, на местото каде што се откриени коските немало гробишта, ниту, пак, таков случај бил забележан во минатото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top