Рускиот претседатело Владимир Путин негираше дека хомосексуалците во Русија се дискриминирани наведувајќи дека новиот закон кој предизвикува негативни коментари на Запад не ги загрозува правата на малцинствата.
Путин изјавил дека законот забранува само „пропагирање на нетрадиционални сексуални односи“, и дека тоа не претставува кршење на правата на сексуалните малцинства. Според него, европските држави кои дозволиле геј браковите биле соочени со проблем на опаѓање на бројот на жители.
– Европјаните изумираат, а геј браковите не се раѓаат деца, порача Путин.
Рускиот претседател на крајот на обраќањето им се обрати на новинарите со шеговит коментар, споменувајќи го неговиот мачо-пријател, поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.
– На Берлускони му се суди затоа што беше со жени, да беше геј обвинителството не би погледнало, рекол Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.