| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографии и ново инфо за тешката сообраќајка кај Битола

Во тешката сообраќајна несреќа која се случи попладнево на влезот на Битола се повредени 6 лица, од кои две се деца. Според СВР Битола во судирот учествувале „опел вектра“ со струмички регистерски таблици и  „хјунадаи“ со битолски регистерски таблици.

Во „вектрата“ се возело семејтво од две деца и нивните родители. По укажаната лекарска помош, мајката и двете малолетни деца се пуштени дома, додка таткото е задржан на лекување.

Во битолското „хјундаи“ повредени се двајцата сопружници од кои жената им потешки повреди и е задржана на лекување во битолскта болница.

Фото: Тера Телевизија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top