| четврток, 6 декември 2018 |

Оливер повторно во Скопје

Неколкучасовен концерт исполнет со многу љубов и емоции и кој за миг во главниот град на Македонија ќе го донесе мирисот на Јадранот – ова може да го очекуваат сите кои на 29-ти ноември ќе се најдат во салата „Борис Трајковски“.

По неколку години, хрватската легенда Оливер Драгоевиќ доаѓа во Скопје и со голем концерт ќе го промовира неговиот најнов албум, а се разбира нема да изостанат ни оние негови постари песни кои се пеат со генерации.

Специјален гостин на концертот повторно ќе биде неговиот пријател и колега, Петар Грашо.

Организаторот на концертот, туристичката агенција „Гуливер Милс“ вели дека картите ќе бидат пуштени во продажба веќе од 5-ти октомври.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top