| четврток, 6 декември 2018 |

Презентиран проектот „Реконструкција на културното наследство на Балканот“ во НУБ (галерија)

Во НУБ „Свети Климент Охридски“ денеска свечено беa презентирани резултатите од меѓународниот проект за „Реконструкција на културното наследство на Балканот“, кој, меѓу друготото, предвидуваше дигитализација на вкупно 3544 ракописни книги, 1000 листови фрагменти пишувани на арапски, турски и на персиски јазик, односно дигитализирани се околу 900.000 страници.

09 nub

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека станува збор за важен проект кој претставува плод на добрите културни врски меѓу Република Македонија и Република Турција и потврда за грижата за непроценливото ракописно наследство.

-Од огромна важност е што Владата донесе Стратегија за дигитализација на книжното културно наследство која веќе се реализира, а од која дел е изградбата на нов дел во НУБ со опрема за дигитализација на вредното книжно наследство, истакна министерката за култура, која се заблагодари до Институтот „Јунуз Емре“ од Анкара за целокупната поддршка.

014 nub

Институтот „Јунус Емре“ во соработка со Централната банка на Република Турција на крајот на 2011 година, го започна проектот “Реконструкција на културното наследство на Балканот” кој предвидува дигитализација на ракописни материјали кои датираат од отоманскиот период во повеќе земји, меѓу кои се и Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора и Хрватска.

011 nub

03 nub

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top