Српската ѕвезда е итно пренесена во болница, откако 40 минути пред закажаното рочиште во судот ѝ се слошило.
– Лошо ѝ е , омалаксана е и не може да стои на нозе – изјавил нејзиниот адвокат Горан Петронијевиќ.
Во судот се појавил само нејзиниот зет Прегдраг Оцокољиќ, но судењето во врска со тужбата дека му се заканувале на директорот на ФК „Млади Пролетер“ Александар Оларевиќ, во 2007 година, е одложено.
Цеца и Предраг се товарат за кривично дело насилничко однесување за кое им се заканува казна од шест месеци до пет години затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


