Талентираниот 26-годишен битолски актер се здоби со признанието за најдобра актерска игра на обновениот интернационален фестивал на алтернативен театар „Фиат“ во Подгорица, Црна Гора. На фестивалот, кој се одржуваше од 1 до 15 септемрви, Здравко Стојмиров ја изведе „Дневникот на лудиот“ по текст на Гогољ, во режија на Роберт Симоновски.
– Македонскиот актер Стојмиров се истакна како највпечатлив на годинашното издание на фестивалот, пред сè поради аскетската посветеност и максималната концентрација, која ја одликува неговата изведба во мондорамата – се истакнува во официјалното соопштение на фестивалот.
За истата претстава тој веќе ги собра наградите и на фестивалите во Албанија и во Косово, а сега победи во конкуренција со актери и театри од Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Хрватска, Словенија и Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


