| четврток, 6 декември 2018 |

Мексико: Поплавите донесоа крокодили на улици (Видео)

h_51004460Неколку илјади луѓе во Акапулко се отсечени од светот поради поплавите. Тропската олуја Мануел прераснала во ураган, а исчезнале најмалку 60 лица.

Неколку илјади луѓе во Акапулко се отсечени од остатокот од светот заради поплавите во кои животот го загубиле најмалку 80 лица. Илјадници луѓе останале заробени по двенеделните тропски олуји кои предизвикале голем број на одрони. Последиците ги почувствувале повеќе од милион луѓе, пренесува Daily Mail.

Десетици домови во Тампико биле поплавени кога реката Панучо минала преку насипот и ги присилила луѓето на евакуација.

На градските улици се појавиле крокодили, но според властите, тие не треба никого да загрижуваат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top