| четврток, 6 декември 2018 |

Голот на Ашковски против Црвена Звезда, ќе го наградат партизановци со 2000 евра (видео)

Фудбалерите на Партизан самоиницијативно собираат пари за премија на македонскиот интернационалец Стефан Ашковски бидејќи како позајмен играч од „црно-белите“ за Доњи Срем постигна гол за израмнување на гостувањето против Црвена Звезда.

Партизановци ќе собираат по 100 евра и вкупната сума како премија ќе му ја предадат на Ашковски, па така за голот на Маракана бекот ќе си заработи 2000 евра.

Стефан постигна гол во судиското надополнување на мечот против Црвена Звезда, со што им ја расипа прославата од 50 години на стадионот Маракана, а им одзема и значајни бодови на домаќините. Натпреварот заврши нерешено, 2-2, а Ашковски го даде голот во самиот финиш.

Стефан со овој гол повторно го сврте вниманието на раководството на Партизан, и можно да биде вратен во редовите на шампионот на Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top