| четврток, 6 декември 2018 |

Американскиот долг е 73 проценти од БДП

dolariДржавниот долг на САД го достигна максимумот во историјата на земјата, со исклучок на краткиот период за време на Втората светска војна. Во моментов, долгот на земјата е 73 проценти од бруто домашниот производ. Тоа е двојно повеќе од индикаторите на крајот на кризната 2007 година, се наведува во извештајот на Комитетот за буџет на Конгресот. Според прогнозите на Комитетот, ако се зачува постоечката законска регулатива, тогаш државниот долг во однос на БДП во рок од неколку години многу малку ќе се намали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top