Подготовките за 28. издание на фестивалот на музика „Макфест 2013“ влегуваат во завршна фаза. Наскоро на првата традиционална прес-конференција ќе бидат објавени имињата на учесниците и на композициите, но, во меѓувреме, организаторот на фестивалот, Општина Штип и организацискиот одбор, решија да ги вклучат и љубителите на музиката од Македонија во фестивалот „Макфест“.
Имено, за разлика од порано, годинава се подготвени четири идејни решенија за ликовно-графичкото решение за постерот за фестивалот.
Општина Штип, на официјалниот профил на „Фејсбук“ (Општина Штип, Македонија) ќе ги претстави сите четири решенија, а посетителите најдоцна до недела ќе имаат можност да гласаат за својот фаворит. Дизајнот кој ќе добие најмногу гласови ќе биде избран за официјален постер и заштитно ликовно-графичко решение за 28. издание на „Макфест 2013“.
Се повикуваат сите сурфери на „Фејсбук“, да го посета профилот на Општина Штип, каде што сите дизајни се обележани како „Верзија“ од 1 до 4. Можат слободно да гласаат за тоа идејно решение, кое им се допаѓа, под самата објава, или можат да испратат и електронска порака на е-маил адреса: makfest@ popstar.com. Гласањето завршува во недела во 12.00 часот на пладне.
Избраното идејно решение ќе биде официјално претставено на првата прес конференција. Инаку мотото на годинашново фестивалско издание е „Враќање на корените“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.