| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографијата поради која се завршува во затвор

Фотографијата со бакнежот на едно момче и девојчето со хиџаб, сликана на улиците на Египет, веднаш се рашири по социјалните мрежи и предизвика бурни и контрадикторни реакции.

Според некои објавувањето на бакнежот во претставува револуционерен потег и голема храброст, додека за оние со потрадиционални погледи е обичен срам. Да потсетиме, во Египет е забрането јавно искажување на љубов и е казниво.

Прв на „Фејсбук“ фотографијата ја споделил Ахмед Ел Гохари, кој веднаш потоа ја пуштил и песната „На улица“ во која се пее:

„Постојат такви што се навредуваат на улица, убиваат на улица. Кој спие на улица и кој ја продава неговата чест, на улица. Но, би било скандалозно заборават еден ден да се бакнат на истата таа улица…“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top