| четврток, 6 декември 2018 |

Голема акција за разбивање синџир за трговија со дрога и за перење пари

policija

 

Голема полициска акција е во тек за разбивање синџир за трговија со дрога, дознава „Република“ од полициски извори.

Според првичните информации, акцијата е во координација со германската полиција, а се приведуваат осомничени и се прават претреси низ повеќе градови во Македонија и во Германија.

Полициите на двете земји се сомневаат дека осомничените се занимавале со трговија со дрога и со перење пари.

Поради оваа заедничка операција на полициите на двете земји, во државава повторно се претставници на германската полиција.

Повеќе информации во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top