
Холивудската ѕвезда Бен Афлек при гостување во шоуто на Џими Фалон, првпат јавно ги коментирал негативните реакции по објавувањето дека тој ќе ја толкува улогата на Бетмен во продолжението на филмот „Човекот од челик“.
Афлек признал дека неколку дена по објавањето на веста избегнувал интернет, а и дека и од „Ворнер Брос“ го предупредиле дека е можно да наиде на негодување од јавноста.
– Луѓето од студиото ми рекле: „Ние сме воодушевени и возбудени, но слушај… сакаме да те предупредиме на некои реакции на кои порано наидуваа актерите кои добиваа такви улоги. Има сешто, како луѓе кои врескаат: убиј го – изјавил Афлек.
Тој признал дека не се вознемирил премногу од ваквото предупредување.
– Јас реков: -Јас сум големо момче, не мораме да поминуваме низ тоа, можам се да поднесам! – додал Афлек.
Сепак, актерот признал дека не му било сеедно кога го видел привиот коментар, кој гласел: „НЕЕЕЕЕ“.
– Заклучив дека сепак би можел малку да одбегнувам да следам се што се зборува и пишува – истакнал Афлек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


