| четврток, 6 декември 2018 |

„Бубалиците“ бараат половина милион долари

tbbt-the-big-bang-theory-cast-the-big-bang-theory-18621473-594-396Ѕвездите на „Бубалици“ (Big Bang Theory) се заканија со штрајк доколку нивните хонорари не бидат повисоки. Се чини дека тоа што популарноста и гледаноста не им паѓа ќе им ги исполни желбите, па досегашните 350 илјади долари по епизода ќе станат половина милион долари по епизода за секого. Ова многумина ги потсети на времето кога „пријателите“ бараа милион долари за секоја епизода. Секако, треба да се спомене и дека „бубалиците“ првите три сезони заработуваа по само 60 илјади долари за епизода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top