Ердоган најави пакет-реформи до крајот на месецов за демократизација на Турција, со што ќе бидат „исполнети голем број од барањата на турскиот народ“, пренесува МИА. Турција подолго време ги подготвува реформите во насока на зајакнување на демократијата и задржување на мировниот процес за прекин на конфликтот со Курдите.
Курдските политичари бараат реформи со кои ќе биде одобрено образование на курдски јазик, ќе бидат ограничени антитерористичките закони, ќе се намали изборниот праг од 10 проценти за влез во Парламентот и ќе се зголемат надлежностите на органите на локалната власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.