Скопје се обидува да ја вмеша Грција во шпионажа, пишува весникот Катимерини. Весникот се повикува на извори на грчката влада според кои не постои вмешаност на било кој владин претставник и оти аферата е фабрикувана.
Неофцијално се пренесува дека еден од уапсените повремено се состанувал на Халкидики со луѓе од тајната служба на Грција и им давал информации за што земал пари, пишува во коменатарот на Катимерини , каде се наведува дека со објавувањето на шпиунската афера со неофицијално спомнување на Грција се подгрева антихеленизмот .
Во коменатарот се додава и дека за опозицијата операцијата имала цел да ја негува атмосферата на страв меѓу населението.
Во написот се спомнува и случајот на забрана за влез во Грција на Сузана Спасовска и на новинарката Ивана Костовска. Забраната според Катимерини се случила како потег на центрите од сенка, како што во Грција се нарекувале неформалните спреги на поединци патриоти од јавните и тајните служби, а оти дипломатите го осудиле чинот на забрана на влез на новинарката.
Шлаг на торта за националистичкиот премиер Груевски се забраните за минување на границата на пејачката и новинарката , смета грчки Катимерини , чија земја живее во изолација од западот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.