| четврток, 6 декември 2018 |

ИВЗ: Или чувајте го имамот или ќе го интернационализираме

IVZ

ИВЗ птред малкку лиферуваше соопштение во кое вели дека од верски причини бил тепан имамот во Доброшинци, општина Василево.

Во нивното соопштение стои:

„Исламска верска заедница во РМ со жалење ја информира јавноста со зачестени физички напади, на нејзиниот верски службеник во с. Доброшинци, општина Василево, Имам Асанов Ирфан од страна на група селани од истото село. Зачудувачки е фактот што мотивите на овие физички напади, (на 21.07.2013 и 15. 09. 2013 год.), врз селскиот Имам, имаат верски карактер. Напаѓачите, кои веќе се познати за надлежните органи, бараат и му се закануваат на верскиот службеник да отстапи од извршување на верските обреди во селската џамија.
По овој повод Исламската верска заедница уште еднаш бара од надлежните државни органи да преземат соодветни мерки за спречување на вакви инциденти, каде се повредуват верските чуства на граѓаните на нашата земја, каде верските права се гарантирани со Устав, во спротивно ИВЗ ќе биде приморана ваквите инциденти да ги интернационализира.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top