| четврток, 6 декември 2018 |

Kонзервирана и реставрирана црквата „Сите Светии“ во селото Лешани

Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците и музеј -Охрид ја завршија целосната конзервација и реставрација на црквата „Сите Светии“ која се наоѓа во манастирскиот комплекс во село Лешани, во областа Долна Дебарца, Охридско.

Проектот, финансиран од Министерството за култура, се одвиваше во пет фази и опфати заштитно-конзерваторски работи на архитектурата на црквата заради намалување на негативните влијанија на влагата во и околу објектот, како и санација на археолошките ѕидови. Извршена е и конзервација на фрескоживописот кој поради интензивната влага во изминатиот период беше доведен во сериозна опасност. Во текот на конзервацијата, по механички и хемиски пат, беа отстранети сите нечистотии и беше извршено ретуширање на оштетениот слој со што е вратена колоритната автентичност на фрескоживописот, по кој е препознатлива оваа црква.

Црквата „Сите Светии“ е изградена во 15 век и претставува мала еднокорабна градба ѕидана од кршен камен и бигор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top