| четврток, 6 декември 2018 |

Кој ќе биде лошиот во жирито на „Икс фактор“?

Основачот на најголемите шоуа од ваков тип, Сајмон Ковел, ужива во тоа да биде дел од жирито. Колку неговата дрскост и строгост кон натпреварувачите е глума, не може да се докаже. Важно тој го пронајде клучот кој му донесе слава, познати девојки и најважното – многу пари.

Кој ќе ја има улогата на „лошко“ во балканската верзија на шоуто „Икс фактор“, ќе се дознае наскоро, поточно на 22 октомври, кога ќе се прикажува првата епизода.

Како најпознат лик во жирито, Жељко Јоксимовиќ е оној на кој балканската јавност се надева дека ќе даде најконструктивни забелешки за изведбите, а со тоа и ќе покаже најголема строгост. Но, на српскиот пејач и композитор не му се допаѓаат споредбите со колегата Сајмон.

– Јас навистина не знам кој е Сајмон. Неговото име едноставно никогаш не се нашло во мојот таргет на интереси. Ми кажаа дека е одличен продуцент и се наоѓа на листата на најбогати луѓе во светот. Сите го фалат. Малку сум неинформиран во однос на неговиот живот и навистина не сакам да ме споредуваат со него – вели тој.

Поубавата половина на жирито ја претставуваат пејачките Емина Јаховиќ и Кристина Ковач. Емина која со години работи и живее во Турција, каде е земена со еден од најпознатите турски актери, има одличен осет за шоубизнис и добро знае како да го привлече вниманието на медиумите. Спремна на сѐ на што се спремни и светските пејачи и познати, ништо чудо Емина да „покаже заби“, па таа да го земе епитетот „најстрога“.

Кики Лесендриќ од групата „Пилоти“ е рокер од постарата генерација и заедно со Кристина Ковач засега можат само да се пожалат дека не го добија истиот третман како што го добиваат нивните колеги. Дали тоа ќе ги натера да се истакнат, макар преку лошотилокот, ќе видиме наскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top