Ед Ројс, водечки републикански конгресмен од Калифорнија, кој претседава со Комисијата за надворешна политика на Претставничкиот дом, и изрази поддршка на Грција во реализирањето на нејзините ставови во регионот.
Ројс, во коментарите за грчки медиум дадени за време на акција за собирање донации за него, во домот на грчки бизнисмен во Лос Анџелес, не ја спомна Македонија, но имаше силни прогрчки ставови за Кипар и Турција.
– Долги години бев член во групата за грчко пријателство во Конгресот, и со мојата сопруга, со која патувавме во Грција, делиме силна почит за грчката култура и цивилизација, од која САД ги имаат позајмено не само демократијата, туку и системите на логика, права на поединците. Затоа, загрижени сме кога гледаме што се случува со окупацијата, со инвазацијата врз северен Кипар и сакаме да дадеме јасен став за тоа. Особено со сегашните турски барања насочени против грчкото право и правото на јужните Кипарци на нафтата која е најдена таму. Зарем цело Средоземно Море ќе биде турско езеро? Тоа нема да се случи. Постои меѓународно право и САД се приморани да застанат до Кипар и Грција по овие прашања, изјави конгресменот Ед Ројс.
Кели Влахакис Хенкс, од семејство на грчки доселеници од Крит, е сопственичка на компанија за производство на еколошки детерџенти од Лос Анџелес, која организирала собир за поддршка на конгресменот Ројс.
– Решивме да го организираме овој настан за конгресменот Ед Ројс, кој е еден од најзначајните членови на Конгресот сега. Како претседавач со Комисијата за надворешни работи, тој е многу важен за Грција, и за Кипар и сите прашања за кои толку силно не поддржува и е навистина голем филхелен, изјави Влахакис Хенкс.
Ројс го презема претседавачкото место во Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом во овој состав на Конгресот, од конгресменката од Флорида Илеана Рос Лејтинен, која исто така е член на групата за грчко пријателство и го користеше името БЈРМ за Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција