Хјуман рајтс воч објави извештај во кој детално го опишува масакрот над цивили за кој се обвинува сирискиот режим во градовите Ал Баиди и Баинасу извршен во мај годинава. Според тврдењата на организацијата, силите на претседателот Башар ал Асад убиле 248 луѓе, меѓу кои голем број жени и деца.
Извештајот со наслов „Никој не остана“ ги темели тврдењата на сведоштва на дваесетина преживеани очевидци во двата разурнати градови кои раскажуваат како биле убивани цели семејства вклучувајќи и мали деца, а се случувале и масовни егзекуции во кои жените безуспешно се обидувале да ги заштитат децата со своите тела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.