Репризното издание на фестивалот „Скопје Гори 2013“ ќе се случи на 25-ти Октомври, најавуваат од продукцијата „Авалон“. Фестивалот ќе се одржи во „Пелистерка Експо Центар“, со што ќе се пушти во употреба и новата концертна сала во Скопје.
Репризата на “Скопје гори” е закажана поради техничките проблеми кои фестивалот ги имаше на премиерното одржување во јуни.
Почетокот е закажан за 22:00 часот,a ќе настапат „Last Expedition“, „Ареа“, „Нокаут“, „Steel Temple“ и „Пеперминт“. Предходно најавените „Санаториум“, поради отсуство на еден од членовите, не се во можност да настапат.
Влезот ќе биде слободен. Предходно најавениот датум 6 септември е променет, поради неколку причини: Настапот на кошаркарската и фудбалската репрезентација на Македонија,почетокот на пивскиот фестивал и националниот празник 8ми септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


