| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски во Хрватска пречекан со погача од Македонците

Премиерот Никола Груевски попладнево на крајот од еднодневната официјална посета на Република Хрватска, имаше средба со претставници на Заедницата на Македонци во Хрватска.

Груевски, ги информираше за средбите со државниот врв на Хрватска, за актуелната политичка и економска состојба во државата, како и за реформите што ги прави Владата, пренесува МИА.

Обраќајќи се пред присутните, рече дека сака да ги слушне да го информираат како функционира македонската дијаспора во Хрватска.

Од нивната страна беше посочено дека секаде и во секоја прилика ја негуваат македонската култура и традиција во Загреб и во цела Хрватска.

Инаку, Заедницата на Македонците делува преку шест друштва во Хрватска, финансирани до хрватската Влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top