Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, денеска се сретна со грчкиот премиер Андонис Самарас, со кого според нивните официјални изјави, разговарале само за структурните и фискални реформи во однос на економската ситуација во Грција, како и за грчкото претседателство со Унијата кое започнува на 1 јануари 2014 година.
Официјалните информации од средбата се дека тоа навистина биле двете единствени работи за кои разговарале Самарас и Баросо, но неофицијални извори од Комисијата велат дека Самарас побарал од првиот човек на неформалната Влада на Унијата, ЕК да “олади” од Република Македонија, јавува МИА.
Имено, иако се појаснува дека се разговарало “за ситуацијата во Грција и идното шестмесечно грчко претседателство со ЕУ”, сигурно е дека станало збор и за Македонија и грчкото инсистирање за “умртвување” и еквидистанца на Комисијата во однос на прашањето за името.
Причината е што најголемиот удар за Грција беше минатогодишниот предлог на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој во извештајот за Македонија, покрај препораката за отворање на преговорите за членство, упатена до Европскиот совет, предложи и да се решава т.н. проблем за името меѓу нашата земја и Грците – “во раната фаза на преговорите“. Ова, Грците не сакаат да се повтори, па затоа не се очекува во следниот извештај на Комисијата, без разлика дали ќе има нова препорака за нас или не, да нема нови иницијативи во однос на прашањето за името.
Минатата недела, МИА објави и дека Самарас вршел личен притисок врз Филе да престане да се зазема за Македонија и да и помага на земјата во евроинтеграциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


