| четврток, 6 декември 2018 |

Изгоре Шевињон во ГТЦ

Пожар утрово ги пеплоса бутикот и кафулето Шевињнон во ГТЦ. Нема повредени во големиот пожар кој избувна утрово, десетина минути пред седум часот.  Поради дрвениот и пластичниот ентериер, но и текстилните материјали, пожарот, за брзо време се распламтел. Бил зафатен и хотелот кој се наоѓа веднаш над овие објекти. Направена е материјална штета од стотици илјади евра. Причината за пожарот, засега е непозната за истражителите, а првичните претпоставки велат дека се работи за пожар предизвикан од грејно тело. Во гаснењето учествувале 26 пожарникари со 10 противпожарни возила.

pozar-gtc01

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top