Новозеландски научници направиле експеримент со група студенти во обид да откријат дали и зошто мажите повремено се „глупираат“ за време на интеракција со жена што им се допаѓа. Идејата за експериментот произлегла од главниот научник, кој во еден момент на средба со „убавица“ си ја заборавил својата адреса.
Всушност, по стандарден тест за меморија, 40 студенти-хетеросексуалци биле пуштени на разговор со „згодни“ лаборантки, а потоа и со лаборанти. Повторувањето на тестот по средбата со жена било со многу послаб резултат, за разлика од повторувањето по средбата со маж – кога немало влијание врз резултатот. Притоа, колку жените биле посексапилни, толку грешките на тестот потоа биле поголеми.
За изненадување, истиот експеримент направен со студентки не дал никаква разлика во однос на резултатите, без разлика дали разговарале со маж или со жена. Научниците сметаат дека машките се програмирани да размислуваат како да ги пренесат своите гени, што значи повеќе се насочени кон репродукција за разлика од жените, особено за време на нови средби со други лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


