| четврток, 6 декември 2018 |

Бодирога кандидат за претседател на Фиба

По смртта на првиот човек на Фиба, Олафур Рансон, на чело на европската кошаркаркарска федерација би можел да се најде славниот српски кошаркар Дејан Бодирога

Bodiroga 2.jpg

Главниот фаврит за оваа функција беше Дино Менегин, но славниот италијански кошаркар не сакаше да се кандидира. Со оглед на ваквите околности, Кошаркарскиот сојуз на Италија одлучи да го подржи Бодирога со што тој има се поголеми шанси да биде нов претседател на Фиба

Бодирога моментално ја врши функцијата потпретседател на Кошаркарскиот Сојуз на Србија. Целата кариера на Бодирога е поврзана со Италија, имено тој после одиграни 2 сезони во дресот на Лотоматика (2005-2007) стана и директор на клубот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top