Со само три години, ова момче може да пресметува до 200, ги знае сите земји од светот и знае да го покаже знамето што им припаѓа на нив. Покрај тоа, тој знае како работи секој поголем орган во телото и што е “метеор”.
Неговиот IQ од 136 го става во само еден процент од населението со интелигенција и меѓу најмладите членови на Менса.
-Шервин прозборе на 10 месеци, знаеше да состави 20 реченици, а почна да чита на шест годишна возраст- вели неговата мајка Аманда Сарбаи, која е горда на својот надарен син.
За него велат дека неговите општи знаења се неверојатни. Кога говорат со Шервин немаат впечаток дека разговараат со тригодишно дете. Тој никогаш не гледал програми за деца, туку гледал вести.
Родителите на Шервин, кога имал 18 месеци, забележале дека покажува интерес за учење, но не мислеле дека детето им е над просек.
По третиот роденден во септември минатата година, бил тестиран за предучилишна група и тогаш било откриено дека неговата интелигенција е дури 136.
Сега тој стана член на Менса, која има само сто членови помлади од 10 години.
Шервин сега оти во училиште каде децата се образуваат со посебни планови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.