| четврток, 6 декември 2018 |

Американските масовни убиства

h_51001680Нападот во Вашингтон предизвика споредби со серијата масовни убиства кои се случија во изминатите години. Една споредба е таа со масакрот во воената база Форт Худ во Тексас, каде исламистот Нидал Хасан, инаку психијатар со чин на мајор во армијата на САД, уби 13 војници, а рани 30-ина.

Хасан се радикализирал работејќи за американската војска, и го искористил правилото дека дури и воените бази се места каде што војниците не смеат да се движат со оружје, за непречено да ги нападне војниците собрани во амбулантата за лекарски преглед.

Хасан, кој беше застрелан и тешко ранет од страна на полицијата, на крајот на август годинава беше осуден на смртна казна. Градот Вашингтон не бил соочен со вакво чувство на страв од терористичките напади на 11 септември 2001 година, но и од снајперските напади во октомври 2002 година, кога Џон Ален Мухамед и Ли Бојд Малво убија десет, а ранија три лица во поединечни напади во рок од три недели.

Мухамед и Малво своите жртви ги избирале случајно, честопати додека тие полнеле бензин или влегувале во трговски центри во околината на Вашингтон, и пукале врз нив со снајперска пушка, од автомобил. Поради тоа, медиумите го нарекоа Белтвејскиот снајперист, според автопатот кој го заобиколува Вашингтон.

Мухамед и Малво беа уапсени по случајно пријавување. Како мотив за нивните напади, адвокатите првично изјавија дека Мухамед сакал да ја убие својата поранешна сопруга, и сакал да направи да изгледа дека таа е случајна жртва на непознатиот снајперист. Подоцна, од затвор, тој изјави дека решил да води џихад против САД. Мухамед беше егзекутиран во 2009 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top