| четврток, 6 декември 2018 |

ОЕЦД: Стабилна инфлација во развиените економии

Инфлацијата во развиените земји во декември била стабилна и изнесувала 1,9 проценти на годишно ниво, во однос на нивото од ноември, соопшти денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД)

100991560

Инфлацијата на цената на енергијата изнесува 2,9 проценти, а цената на храната 2,1 отсто. Доколку не се сметаат овие два фактори, стапката за минатиот месец изнесувала 1,5 проценти, наведува ОЕЦД.

Во Канада инфлацијата била стабилна на 0,8 отсто, додека во Велика Британија изнесувала 2,7 проценти. Во САД е намалена на 1,7 од претходните 1,8 отсто, а во Италија на 2,3 од 2,5 проценти.

Инфлацијата во Германија е зголемена од 1,9 на 2,1 процент.

На ниво на еврозоната, стапката во декември била стабилна на 2,2 отсто, додека во Јапонија потрошувачките цени бележат пад од 0,1 отсто, по намалувањето од 0,2 проценти во ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top