| четврток, 6 декември 2018 |

Се исправи „Коста конкордија“ (симулација на целата операција)

kostra konkordija1

Луксузниот туристички брод „Коста конкордија“ рано утрово се исправи по кобниот 12 јануари 2012 година, кога потона во близина на италијанскиот брег, во Тиренско Море. Инженерите, и покрај стравувањата дека може да се скрши трупот на бродот, по цели 19 часа успеаја да го подигнат од гребенот на кој беше потпрен, без дополнително да го оштетат. Иако прво мислеа дека трупот на бродот воопшто не се поместува, по одредено време, со помош на подводните камери бил забележан напредок.

konkordija2

Операцијата за исправување на бродот тежок 114.000 тони продолжува затоа што на инженерите им е потребно дополнително време за луксузниот крузер да биде стабилен во вода.

konkordija3

Американската „Си-Ен-Ен“ направи симулација на целата операција, на која може да се видат сите фази на исправувањето на бродот и начинот на кој ќе се изведува оваа сложена акција.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top