| четврток, 6 декември 2018 |

За малку избегната трагедија во Чаир – ќе изгореше зграда полна бебиња

DSC_0161

Пожарот кој претпладнево околу 16 часот избувна во зградата број 3 на улица Емин Дураку во Чаир згаснат без повредени и некоја материјална штета, но огромна драма и паника. Петкатната зграда во населбата е позната по тоа што е полна со бебиња, ги има десетина, од кои најмалото е старо само еден месец.

Трагедијата е избегната поради брзата интервенција на противпожарната бригада, која беше повикана на помош откако еден станар се обидел сам да го изгасне огнот, но поради не знаење само го распалил.

Засега не е познато од што и како се запалил подрумот на зградата, но станарот објаснуваше дека прво ja отворил шахтата за од таму зема вода и да гасне. Веднаш потоа ги отворил прозорите на подрумот, па свежиот кислород само го распали огнот. За среќа пламенот не излегол од подрумот, но поради гредите внатре се создаде огромен густ облак од чад кој ги преполни сите станови во зградата. Од повеќе прозорци се слушаа пискотници на престрашените мајки, кои со своите деца бегаа на балконите за да се спасат од задушување. Некои станари кои беа поприсебни им фрлаат на жените шишиња со вода. Повеќето од нив не можеа да ја напуштат зградата поради густиот дим. Во згрдата има и неподвижни стари луѓе.

DSC_0158

Дури откако пожарникарите го згаснаа огнот, почна да се расчистува. Пожарникарите веднаш се стрчаа по скалите на зградата за да ги евакуираат станарите. Се забележа дека пожарникарите немаа маски со кислород за заробените станари, а електричната енергија воопшто не беше ислучена, најверојатно затоа што процениле дека нема потреба од тоа.

Драмата траеше околу 45 минути. Лекарите кои дојдоа заедно со пожарникарите прво му помогнаа на едномесечното бебе. Никој не знаеше колку чад се надишало, но се чинеше дека е добро. Од маската дишеа и другите дечиња. Неверојатна среќа, се чинеше дека никој не се надишал чад за да мора да се преземаат дополнителни медицински мерки.

Уште една среќна околност е што постои противпожарната единица во Автокоманда, бидејќи тие преку населбата Железара брзо пристигнаа во Чаир. Доколу единицата требаше да доаѓа од друго место, ќе мораше да помине од кај Јаја Пашината џамија каде во овој период од денот има премногу автомобили и пожарните камиони сигурно немаше да стигнат на време.

DSC_0163

Градските власти како и општина Чаир добро знаат за јазолот кај Јаја Паша, но ништо не преземаат да се растерети сообраќајот на ова место.Не еднаш амбулантните возила не можеле и по 15 минути да поминат од таму.

Повеќето жители на зградата број три се вратија во своите домови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top