Режисерот Борис Дамовски, еден од приведените во полициската акција Шпион е пуштен на слобода пред еден час, објави НОВА. Дамовски за порталот вели дека во полиција со него се однесувале коректно.
На распитот во полиција бил испрашуван за врските со луѓето кои се приведени- се работи за 17 луѓе, меѓу кои Марјан Маџовски, шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието на РМ од 2005 година., генерал Горан Стојков и Аце Диневски поранешен функционер од Агенцијата за разузнавање, потоа припадник на цивилната служба на АРМ, кој бил вработен во Секторот на човечки ресурси, како и Мичо Насковски, екс-генерален директор на Бетон, дознава НОВА.
Покрај нив уапсен бил и вработен во Агенцијата за разузнавање со албанска националност, чиј идентитет не се соопштува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.