| четврток, 6 декември 2018 |

Нови детали за операцијата Шпион: Шпионирале за Грција

lisici

Поранешен разузнавач, брат на јавниот обвинител опфатен со акцијата „Ликвидација“ е еден од организаторите на групата осомничена за шпионажа и злосторничко здружување, дознава Пресс24 од извори во истрагата.

Според неофицијалните информации, при претресот во неговиот дом како дел од акцијата за расчистување со судско-обвинителската мафија во Велес, полицијата ја пронашла целосната документација која ја водел за неговите „разузнавачки“ активности, средби со странски служби, „продажба“ на државни тајни и класифицирани информации, профили и кодни имиња на неговите соработници во паралелната илегална разузнавачка групација. Во неговите досиеа се најдени огромен број податоци за лицата кои незаконски шпионирале во интерес на странските служби како и за оние кои уценувале личности од јавниот општествен живот. Tокму кај него биле пронајдени податоците за извесен Луди Милојко и Мачор, имиња под кои тој водел двајца од своите соработници.

Неофицијалните информации говорат дека екс-разузнавачот често остварувал средби со тајни агенти на разузнавачките служби на соседна Грција. Средбите се одржувале во монденско одморалиште на Халкидики. Најверојатно за сопствена безбедност, тој поседувал илјадници фотографии од овие средби.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top