Американските супер богаташи и покрај финансиската криза се се побогати, покажуваат резултатите од годинешната листа на Форбс со 400 најбогати во САД. Распоредот не е значително променет, но зголемено е нивното богатсво, се наведува во магазинот.
– Во суштина, мега богатите стана уште побогати, вели уредничката на Форбс, Кери Долан.
Коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс и годинава е најбогат во САД, дваесет години по ред. На второ место инвеститорот Ворен Бафет, а третата позиција ја задржа Лари Елисон.
Наследниците на Волмарт Крити, Џим, Алис и С. Роберт Валтон ги зазедоа следните четири позиции, а нивната вредност варира од 33,3 до 35,4 милијарди долари.
Градоначалникот на Њујорк и основач на агенцијата Блумберг, Мајкл Блумберг е на десетата позиција со богатство од 31 милијарда долари, (го зголемил богатството за 6 милијарди во однос на лани).
Пет години по избивањето на финансиската криза, најбогатите успеаја да си ги вратат назад сите пари што ги изгубија. Така денес 400-те најботаги Американци вредат рекордни 2,02 билиони долари, што е приближно на БДП-то на Русија. Годинава милијардерите вредат највеќе откако е формирана листата на Форбс, а во однос на лани се побогати за 0,32 билиони долари.
273 од нив сами го создале богатството, а 71 биле наследници. Директорот на Фејсбук Марк Зукерберг се врати меѓу 20-те најбогати откако минатата година испадна. Неговата вредност на имотот е проценета на 19 милијарди долари.
На листата има и 48 жени, вклучувајќи ја и наследничката на хотелите Хајат, Џенифер Прикер која е на 327 позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.