Супермоделот Ирина Шајк ја дизајнираше својата прва колекција на костими за капење за калифорнискиот бренд „Beach Bunny“.
Руската убавица потоа ги презентираше покажувајќи ги така своите облини. Ирина на нозете носи гладијаторски сандали какви што ќе носи во новиот филм „Херкулес“ во кој ќе ја глуми сопругата на Херкулес.
-Сеуште не сум почнала со снимање но многу сум возбудена што ќе бидем дела од филмот. Мојата улога е мала, но екипата е одлична, а Брет Ратнер е еден од моите омилени режисери и затоа едвај чекам да почне снимањето, вели Ирина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


