Од денеска Грција ја тресат протести, најавени од државните синдикати, објави „Фактор“. Штрајкот го почнаа наставниците и професорите од средните училишта и универзитетите, по што се најавени штрајкови и на лекарите и државните службеници кои излегуваат на улица во знак на револт поради најавите за нови отпуштањата од државниот сектор.
Попладнево околу 300 училишни чувари се судрија со полицијата која ги растеруваше со солзавец, додека седум илјади наставници и вработени во јавниот сектор протестираа пред грчкиот парламент. Солзавец се употребуваше и за штрајкувачите пред Министерството за административни реформи, кои во обидот да влезат насилно во зградата беа пресретнати од полицијата.
Средните училишта се затворени, а студентите посетуваат редуцирана настава во Атина, но се претпоставува дека и универзитетските професори ќе се приклучат на штрајкот.
И во Во Солун, околу 10.000 лица се собраа на марш, додека нивниот број ќе расте во среда и четврток откако Унија на државни службеници повика на дводневен протест на јавниот сектор поради плановите за отпуштање над 12 илјади вработени.
Грчкиот министер за образование Константинос Арванитопоулос пак останува на ставот дека реформите во образованието се неопходни, ке заштедат пари и ќе го подобрат грчкиот бразовен систем.
Грција мора да отпушти илјадници државни работници со примена на таканаречениот програм на мобилност, до крајот на овој месец, кога наставниците ќе бидат оценети и префрлени на други работни места или отпуштени.
Отпуштањето работници во Грција е чувствително прашање во периодот на кризата која ја погоди земјата, каде невработеноста достигна речиси 28%, а нивото на сиромаштија нагло порасна во последните шест години рецесија.
По денешниот тричасовен штрајк на наставниците во основните училишта, се очекува нивно учество и на 48-часовниот штрајк на државните службеници. Наставниците бараат, освен запирање на отпуштањата, са се забрани нивното префрлување во работната резерва, да се забрани преместување во други училишта, како и да се отфрлање новиот предлог-закон за образование , со кој според професорите се предвидува трансформација на средните училишта во како што велат, центри за тестирања . Наставниците бараат и да се забрани добивањето образование надвор од образовните институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


