Во тешка сообраќајка на патот Битола-Демир Хисар, почина 24 годишен скопјанец, а 27 годишен радовишанец е во тешка состојба. Сообраќајката се случила кај местото викано Чагор, јави „Дневник’.
Сообраќајката настанала меѓу две комбиња кои возеле по регионалниот пат, а од полицијата испитуваат како дошло до несреќата и кои се причините.
Скопјанецот управувал комбе „форд транзит“, а радовишанецот возел „мерцедес вито“. Младиот скопјанец починал на патот кон битолската болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


