| четврток, 6 декември 2018 |

Делови од Скопје утре без струја

Без струја утре од 09 до 15 часот ќе бидат дел од жителите на улиците „7-ми јули“ и „Кримска“ во општина Чаир, а од 8:30 до 12 часот дел од улицата „Саса“ и улицата „1438“ во општина Кисела Вода.

Од 9 до 11 часот без електрична енергија ќе останат дел од жителите на улицата „Водњанска“ бр. 50 и 60. Дел од селото Кучевиште, дел од улиците „Никола Тесла“, „Бранислав Нушиќ“ и од улицата „Ругер Бошковиќ“ во општина Карпош, како и дел од селото Копаница ќе немаат струја од 9 до 15 часот.

Прекините се поради инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top