| четврток, 6 декември 2018 |

Министерката за култура во посета на Бегова куќа во Гостивар

Елизабета Канческа-Милевска, министерката за култура денеска ќе ја посети куќата на Болетини во Гостивар, попозната уште и како Бегова куќа, заедно со директорот на НУ Конзерваторски центар Аднан Фејзулаи.

Беговата куќа е уникатен примерок на автентичната староградска архитектура од 18 век и е еден од најзначајните културни споменици во Гостивар. Во минатата година на овој објект беше извршена целосна надворешна реконструкција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top