| четврток, 6 декември 2018 |

Порака од публиката за Ѓоковиќ и соиграчите: Повторно ќе бидете ќелави (ФОТО)

Со интересна парола на која на српски јазик пишува „Биќете опет ќелави“ (Ќе бидете повторно ќелави), навивачите на Србија во Дејвис купот го прославија пласманот во финалето на Дејвис купот во тенис. Популарните орли со 3-2 ја победија Канада и си закажаа финален дуел повторно на свој терен во Белград против Чешка, селекција која со идентичен резултат ја победи Аргентина.

srbija

 

Финалето ќе се игра од 17. до 19 ноември, а пораката на навивачите е јасна и тие очекуваат реприза од 2010 година, кога Србија ја освои првата титула во ценетиот куп. По триумфот над Франција од 3-2 во завршниот меч, тенисерите и селекторот Обрадовиќ го исполнија ветувањето и се потстрижаа на „нуларица“.

pehar

Сега  се уште нема такво ветување од Новак Ѓоковиќ и соиграчите, а публиката си го кажа своето и веројатно ќе има реприза од пред три сезони, ако Србија ја победи Чешка предводена од Бердих, Штепанек и Росол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top