Република Македонија и како да се одглави евроинтегративниoт статус на нашата земја, наметнат од блокадите на Грција, ќе биде една од темите за која утре во Брисел ќе разговараат претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и грчкиот премиер, Андонис Самарас, јавува МИА.
Според кабинетот на Баросо главна тема на разговорот се очекува да биде идното шестмесечно грчко претседателство со Унијата, од јануари 2014 година. Иако нема директен одговор дали и Македонија е на масата на состанокот, високи извори од Комисијата, кои инсистираат на анонимност, потврдуваат дека тоа е всушност една од главните точки, додава МИА.
Интересно е што за време на идното грчко претседателство, во Унијата ќе се одржат избори за Европскиот парламент, а потоа и од секоја од државите-членки ќе зависи изборот на секој од еврокомесарите и пред се првиот човек на Комисијата. Барозо сега го тера вториот четиригодишен мандат на претседателското место и не крие дека сака истиот да го продолжи.
Грција, Бугарија и останатите 26 земји-членки на ЕУ, мора со консензус да го изберат идниот комесарски состав идната година, при што секоја од државите има право на вето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Независен весник“ дојде до извештајот на ЕК: Македонија ќе добие безусловна препорака за преговори
-
Јункер: ЕК ќе ја почитува одлуката за независност на Каталонија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Евроатлански интеграции веднаш, но без да се отстапи од државните и националните интереси
-
Прво името па НАТО: И Коѕиас по Ципрас му разјаснува на Заев


